Утрински Весник
Македонија

ВРЕДИ: Пропадна планот на Ахмети и Османи за дестабилизација преку Уставниот суд

Vlen.webp.webp

Соопптение на ВРЕДИ:

ДУИ е разочарана бидејќи им пропадна планот да го поништат Законот за јазиците и со тоа да ја дестабилизираат државата.


Планот на Али Ахмети и Бујар Османи, преку судии именувани од нив во Уставниот суд, да го загрозат албанскиот јазик во Република Северна Македонија и да ја дестабилизираат земјата, пропадна пред да земе замав.

Бујар Османи, како почетник во политиката и без кредибилитет, не успева да го сокрие своето разочарување.

ДУИ беше подготвена да го жртвува албанскиот јазик само за една ниска цел: Да се врати на власт по секоја цена.

Не грижете се: Албанскиот јазик не е предмет на преговори! ВЛЕН нема да дозволи ниту еден чекор назад во правата на Албанците!

Лагите завршија. Две децении, ДУИ правеше работи половично, за пред очи на јавноста, манипулирајќи со албанската кауза за лични и партиски зделки.

Следните локални избори веќе не се само избори. Тие се РЕФЕРЕНДУМ за албанскиот јазик, за еднаквоста на Албанците во оваа држава и за конечно ставање печат на ДУИ како партија Нон Грата и како “организација” на тесни лични интереси!

Можете да прочитате

Пренџов: ДУИ нема да биде дел од Владата, сè додека таа е предводена од премиерот Мицкоски

Полицаец по 4 часа во кафана прегазил велосипедистка која почина – Семејството Цветкоски по две години неизвесност утре ја чека пресудата на судот

СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика – Владата не знае каде тера