Утрински Весник
Македонија

Вреди: По десет години проблемот со канализацијата во Тетово и околина добива решение

Vlen Vlen Vredi Vredi 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Владата на Република Македонија денеска овозможи Oпштина Тетово да добие земјиште на кое ќе започне изградбата на филтер станицата за третман на фекални води и проширување на канализационата мрежа. На овој начин градот Тетово со околина ќе реализираат голем проект кој е од витално значење за граѓаните и урбанизмот.

Овој капитален проект, кој по повеќе од една деценија чекање го зема вистинскиот правец, го опфаќа градот Тетово и околните села и ќе се реализира во рамките на ИПА 2 програмите. Претходните Влади ветуваа негова реализација веќе десет години, но никогаш немале волја да го изведат овој проект од витално значење за Тетово и околината.

Нашата влада, како што им ветивме на граѓаните, уште од првите денови на власт премина на дела за реализација на проекти кои долго време беа во интерес на граѓаните, а не беа реализирани од претходните влади.

Во реализацијата на овој проект директен учесник ќе биде Министерството за животна средина и просторно планирање. Ова е едно од првите големи претпријатија кои се инвестирани во албанската средина од средствата на владата на земјата.

Процесот на европеизација значи уредени градови, здрави средини и нула суштински проблеми за достоинствен живот. Ова е нашата заложба. Реализацијата на оваа заложба започнува во Тетово.

Коалиција Вреди

Можете да прочитате

Приведени две лица од Кичево, едно лице избодено со нож

Во прекин сообраќајот за камиони на ГП Меџитлија

ССНМ: Дигиталниот напад врз „Слободен печат“ е напад врз слободата на медиумите