Утрински Весник
Македонија

Вреди: Oбичај е да се оди по невеста, посетата на Гаши е според закон

Vlen.jpg

Фари Хисени, портпарол на Коалицијата Вреди за користењето службено возило од страна на претседателот на Собранието Африм Гаши за да оди на свадба во Косово на поворка, смета дека е според законските прописи и стандарди, но се доживува како скандал – бидејќи биле големи очекувањата по падот на ДУИ. 

-Јасно ни е на сите дека по 22 години режим на ДУИ, граѓаните имаат високи очекувања од новата власт. Ваквите ситуации кога во минатото не биле ниту дискутирани и разговарани, денеска стануваат клучни теми во медиумите, што сметам дека е бесправно, заради тоа што станува збор за второ лице на држава, за кое законските прописи го регулираат тој момент каде што претседателот на Собранието е неопходно да биде во придружба на обезбедувањето.Така што, и во конкретниот случај, самата посета не е надвор од законските прописи и е во хармонија со тој стандард, рече тој.

Хисени нагласи тие како политичка партија не можат да преземат одговорност дали користел или не платен налог, посочувајќи дека МВР е надлежна институција која може да го истражи целиот настан.

-Ние сме политичка партија и сметам дека не можеме да имаме одговорност дали користел или не платен налог. Тука МВР е надлежна институција да го истражи целиот настан и да се докаже дали тоа е точно.Ние застануваме зад соопштението што Кабинетот на претседателот на Собранието го испрати вчера за медиумите. Штом јавно тоа го наведуваат во соопштение, ако тоа не е точно, тогаш има последици. Тоа му следува како втор човек на државата.

Свесни сте за злоупотребите во претходната власт, во 22-годишниот режим. Службените возила ги користеле и лица од кабинети, не пак втор човек на државата. Вработени кои со месеци не биле на работните позиции ги користеле службените возила за приватни цели во и надвор од државата, рече тој.

Хисени истакна дека исто така се предвидени и безбедносни мерки за преминувањето на граничен премин за претседател на Собрание и високи државни лица. Тој потенцира дека нема информации дали во колоната со службеното возило на претседателот на Собранието имало и други придружни возила.

Околу етичкиот аспект на настанот, Хисени рече дека ваквите ситуации кога се оди по невестата е обичај за секоја албанска, но и македонска свадба.

-Не гледам нешто лошо за да се практикува обичајот на еден народ, рече тој.

Можете да прочитате

Министерот Љутков и комесарот Токура: Преку Меморандумот за соработка ги зближуваме македонската и јапонската култура

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим