Утрински Весник
Магазин

„Сина супермесечина“ вечерва над македонското небо

How Do I See The Super Blue Moon.webp.webp

Вечерва после 20 часот, луѓето од нашето подрачје ќе имаат можност да го проследат феноменот на тн. „сина супермесечина“. Доколку времето дозволи – Месечината ќе блесне во полн сјај и ќе изгледа поголема од вообичаеното.

Кога нашиот природен сателит во неговото кружење ќе ја достигне најблиската точка до Земјата, што е познато како „перигеј“ (точката каде што Месечината е најдалеку од нашата планета е „апогеј“). „Супермесечината“ се јавува кога полната месечина е на перигеј, а „микромесечината“, т.е. апогеј се нарекува она кога таа изгледа најмала.

За четири месеци по ред ќе имаме четири „супермесечини“ – појава којашто се нарекува „сина полна супермесечина“.

Месечината е оддалечена од Земјата, во просек, околу 384.000 километри, но вечерва растојанието ќе биде 23.000 километри поблиску. Ако небото е ведро, покрај „сината супермесечина“, ќе бидат видливи и Сатурн и неговите прстени, но, со двоглед или телескоп.

Можете да прочитате

Хороскопски знаци кои никогаш не се задоволни, секогаш бараат „повеќе“

Како правилно да ги перете патиките во машина без да ги оштетите

„Гугл“ воведува измени за корисниците на „Џимејл“