Утрински Весник
Македонија

ВРЕДИ: Нов Закон за игрите на среќа кој ќе го намали бројот на казина најмалку на половина

Uploads Thumbs Resize 800x420 650551.jpg

Ангажманот на ВЛЕН во насока на уништување на коцкањето не беше добро прифатен од опозициската албанска партија ДУИ. Зашто, за овие последниве, казината беа претворени во кошници од кои “земаа мед” за да купат гласови и да преживеат на политичката сцена. Затоа, нивната загриженост е оправдана, и тие се нервозни, бидејќи дејствуваат од нивната позиција како опозиција. Но, многу брзо кошниците на ДУИ (казината) ќе бидат искоренети, а ДУИ ќе оди во историјата, велат од коалицијата ВРЕДИ/ВЛЕН.

„Нивните договори се обидуваат да ги прикријат преку обвинувања базирани на клевети. Ова претворање во улога на будала не било видено никогаш до сега во нашиот политички плурализам. И, нема сомнеж дека нема да помине толку лесно, бидејќи ВЛЕН не дозволува да се потценува свеста на граѓаните, каде нивните измами ќе бидат сокриени зад измислени обвинувања.

Општо познато е дека кумот на кумот на казиноманите, Артан Груби, дал негативно мислење за затворањето на онлајн коцкањето, а извршител на неговите наредби е Прпарим Бајрами.
Државната лотарија од 2015 година, односно од 2017 година според законот за организирање на игрите на среќа, немаше лиценца за да ја врши оваа дејност. Но, тоа не ја спречи државната лотарија на нелегален начин да продолжи со создавање на разни компании кои се занимаваа со онлајн казина, чии инвестиции достигнуваа стотици милиони евра. Но со автентичното толкување на законот за онлајн игри на среќа, актуелната влада целосно ги затвори онлајн казината.

Пратениците Албанци од коалицијата ВЛЕН ја поднесоа барањето за автентично толкување.

Коалицијата ВЛЕН има конкретен план за справување со штетните последици од игрите на среќа, кој веќе се спроведува. Благодарение на тој план ги отстранивме игрите на среќа од домовите на граѓаните затворајќи четири компании на кои Артан и Перпарим им дадоа без основа лиценци за игри на среќа на интернет. Ќе има целосно расчистување на злоупотребите во Лотаријата, законска одговорност за сите оние кои постапиле спротивно на законот и нов Закон за игрите на среќа кој ќе го намали бројот на казина најмалку на половина.

ВЛЕН го продолжува ангажманот кон исполнување на ветувањата и демаскирање на клеветите!“ – стои во соопштението.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме