Утрински Весник
Македонија

ВРЕДИ: На Али Ахмети му беа потребни пет дена за да го разбере одговорот на “референдумот”

Vredi vlen.jpg
Dik 300x250 mk

Соопштение за јавност на Коалиција ВРЕДИ:

После пет дена, на Али Ахмети конечно му беа покажани резултатите од „референдумот”. И ете, тој излезе и рече дека победиле на локалните избори.


Ова е апсурдно.
Победите на ВЛЕН во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино, Теарце и убедливото водство во Тетово, Боговиње, Дебар, Струга, Брвеница и Долнени се далеку поголеми од „победата” во Пласница и Липково.

Мислевме дека Али Ахмети и ДУИ конечно станале свесни за резултатите од „референдумот”, но тие продолжуваат да ги доживуваат локалните избори како парламентарни, бидејќи за нив министерските позиции се единствената алатка за опстанок во политиката.

Дваесет години политиката на Али Ахмети се градеше на два столба: власт и само власт.

А што се однесува до „ветингот” што тој денес го бара, тоа одамна му го направи неговата сенка Артан нон грата Груби, за кого и понатаму тврди дека е „чист како солза”.

Затоа, пред да побара предвремени избори, Али Ахмети треба да се запраша:
Дали ќе може да се соочи со слободниот глас на Албанците кои повеќе не се плашат од него?
Затоа што времето на Газиместан заврши. ВЛЕН е сегашноста. ДУИ е минатото.

Можете да прочитате

Галетановски поднел оставка од функцијата шеф на Градска организација на СДСМ

Мицкоски очекува околу 130.000 гласа за Орце Ѓорѓиевски во вториот круг

Ина Многуфина до Лекарска комора: Ваша е бруката за лиценцата на д-р Кузмановски