Утрински Весник
Економија

ВРЕДИ: Мерките на министерот Дурмиши имаат ефект

Vlen.webp.webp

Соопштение на коалицијата ВРЕДИ:

Коалицијата ВЛЕН уште еднаш потврдува дека кога политиката се прави одговорно и во служба на граѓаните, резултатите не изостануваат. Мерките што ги презема Министерството за економија и труд, на предлог на министерот Бесар Дурмиши, носат конкретен ефект врз економскиот живот на граѓаните, ги спречуваат злоупотребите и ги намалуваат цените на основните производи.


Од 20 февруари 2025 година, воведени се ограничувања на профитната маржа на над 1.000 производи, како и замрзнување на цените за 8 групи основни прехранбени производи, вклучувајќи леб, млеко, масло, јајца и брашно, мерки насочени кон заштита на животниот стандард на секое семејство.

Последните податоци на ДЗС покажуваат дека инфлацијата само во март паднала за -1,3 отсто, доказ дека оваа влада е сериозна и ефикасна во справувањето со економската криза.

Цените на основните прехранбени производи се стабилизираат и паѓаат. Континуирано работиме на мерки за подобрување на стандардот на граѓаните и стабилизирање на цените. Мерките ќе останат во сила до 30 април 2025 година за да се гарантира безбедноста и економската стабилност во чувствителен период за секое семејство.

Можете да прочитате

Бројот на субјекти што не издаваат фискални сметки сè уште голем, привремено затворени 25 објекти

Славески од Регионалниот состанок на гувернери: Поврзувањето на  системите за инстант плаќања е едно од најпрактичните решенија за побрзи и поевтини прекугранични плаќања

Дурмиши: Со 11,3 милиони денари ги поддржуваме малите бизниси, занаетчиите и преработувачката индустрија