Утрински Весник
Македонија

ВРЕДИ: ДУИ го избегнува ветингот затоа што целото раководство ќе треба да оди во длабока политичка пензија

Vredi vlen.jpg

Соопштение на Коалиција ВРЕДИ:

Пет месеци по „свечената” Декларација за внатрепартиски ветинг, ДУИ нема ниту резултати, ниту механизам, ниту храброст да се соочи со сопствениот криминален врв. Кога сфатија дека вистинското прочистување мора да почне од нив самите, едноставно се повлекоа. ДУИ престана да зборува за ветинг.


ДУИ го избегнува ветингот затоа што целото раководство ќе треба да оди во длабока политичка пензија.
Коруптивниот список на ДУИ е јавен и долг:

Бујар Османи имаше предмет на СЈО против него, за криминал, за набавки, за кражба од здравството. Предметот мистериозно исчезна!?СЈО тврдеше дека министерот Бујар Османи имал криминални набавки додека бил бил одговорен за здравството. Бујар Османи имаше коруптивни скандали со јавни набавки од фирми блиски до него за време на целиот негов мандат во МНР?

Но уште поважно, Бујар Османи стана главен фактор за соработка и зближување помеѓу Северна Македонија и Србија со оддржани многу јавни и многу тајни средби и со поддржани многу билатерални и мултилатерални иницијативи за интегрирање на двете држави.

Семејството на Али Ахмети  е „стебло” на фирми што вртат милиони преку државни тендери. !Се градат централи, се купуваат трговски центри, инвестици, се тргува со бензин и мазут.?

Скоро и да нема член на семејството на Ахмети кој не стане бизнисмен и кој не се поврза со сомнителни фирми од Македонија и Косово.

Блерим Беџети – „вечниот функционер” кој му доделуваше пари на најблиските преку скопските комунални претпријатија. Блерим Беџети важи за најблизок извршител на договорите на Сашо Мијалков и Артан Груби во судството.!

Муса Џафери као „сива еминенција” со непријавен имот во Горно Нерези, кого ДУИ цинично го промовира во својот „ветинг”. Функционер од скоро 30 години кој ќе оди низ државата и ќе зборува дека треба ново време и нови луѓе. Човек кому бизнисот за препродажба на струја му е позначаен од било кој Албанец и неговите потреби.

Колку подолго ДУИ го одложува вистинскиот ветинг, толку подолга станува листата на афери. Декларацијата за борба против корупција им служеше само за дневен маркетинг.

ДУИ не упева да си стои на зборот ниту кога е во опозиција. Бараме независна, јавна ревизија на имотот и тендерите на сите функционери на ДУИ, целосна одговорност за секој коруптивен случај, почнувајќи од именуваните лица и вклучување на меѓународни антикорупциски експерти за надзор на процесот. Бараме прочистување на политичката сцена на Албанците од луѓе со сомнително минато и стратешки гршни политики. Ако ДУИ тоа сама не го направи, на овие избори ќе го направат гласачите. ДУИ знае дека е време да се соочи со вистината.

Можете да прочитате

Македонец херој во авион: Спречил терористички напад, патникот извикувал „Алах Акбар” (ВИДЕО)

Нормализиран сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка

Вреди: ДУИ јавно ја призна вината за бришењето на дијаспората