Утрински Весник
Македонија
Img 7972

ВРЕДИ: ДУИ е прва партија на Албанците која ги оддалечува од нивните западни стратешки партнери, заради својот криминал и корупција

Vlen.webp.webp
Dik 300x250 mk

Соопштение на ВРЕДИ:

Очајнички се обидите на ДУИ да ги оцрни функционерите во Владата дека работат на некакви туѓи агенди кои ја оддалечуваат Македонија од патот кон еднаква и стабилна држава.
Да се потсетиме дека најголемиот спроведувач на агендата за Српски свет беше минатата Влада на ДУИ кога жилаво се бореше да преживее Отворен Балкан иако Албанија ја напушти иницијативата по случувањата на Косово.
Да се потсетиме дека Бујар Османи беше прв министер што бил домаќин на Сергеј Лавров на европско тло.
Да се потсетиме дека функционерите на ДУИ во изминатите години се заблагодаруваа на Србија и Вучиќ за тоа што им ја покрива неспособноста при набавка на вакцини и гас.
Да се потсетиме дека Артан Груби и Рамиз Мерко се на црна листа на Америка поради уривање на правната држава, а со себе ги повлекоа и своите фамилии. Најотворана веб страница во Мала Речица е таа на Стејт департментот. Секое утро проверуваат да не имаат некој член на црна листа.
Да се потсетиме дека ДУИ е партијата која зема пари за фиктивни лиценци за игри на среќа од разни балкански криминалци. Партенери им се луѓето од српското подземје.
Работењето на ДУИ е целосно во спротивност на препораките од стратешките партнери на Македонија, ЕУ и САД.
Се почесто ДУИ се поистоветува со делувањето на Левица. Седењето еден до друг во собраниските клупи очигледно ги доближува.
Интепелациите на ДУИ се смешни. Жално е на кое ниво падна партијата одејќи по паметот на Артан Груби и Бујар Османи. На Албанците во Македонија им треба сериозна опозициска партија, а не криминална структура која е спремна секого да продаде во обид да се заштити.


Можете да прочитате

УХМР со предупредување: Ноќва и утре обилен дожд

Пронајдени импровизирани бомби во напуштена куќа во Кисела Вода

Неврологот Кузмановски бил пријавен во полиција поради заканувачки пораки уште пред да се појави видеото