Утрински Весник
Свет

ВРЕДИ: ДУИ e партија која никогаш не презеде одговорност за трагедиите на Албанците

Vredi vlen.jpg

Соопштение на јавност на ВРЕДИ:

Како никогаш досега, институциите и политичките партии на власт едногласно ја осудуваат ксенофобијата во спортот. Но, неверојатно е што во истиот дух, една партија која денес зборува за достоинство, всушност е таа што во последните две децении им има донесено повеќе срам и болка на Албанците од која било друга власт во историјата на оваа држава.


Функсионерите на ДУИ никогаш не дадоа оставка, дури ни кога на Албанците им се случија најголемите трагедии:

Не дадоа оставка кога се случи Монструм, а Албанците беа обвинети како терористи без докази;

Ниту кога се случи Дива Населба, и 10 Албанци беа убиени во сомнителна полициска акција;

Ниту кога се случи Случајот Алфа, и Албанци беа осудени за убиство што и денес изгледа монтирано;

Ниту кога беше свирепо убиен малиот Алмир, а судството тоа го нарече „сообраќајка” – а ДУИ молчеше!

Ниту кога беше убиен Харун Алиу, борец на ОНА, под неразјаснети околности;

Ниту кога беше објавена антиалбанската енциклопедија;

Ниту кога нашите деца учеа од учебници што ја извртуваа албанската историја и идентитет;

Ниту кога го прифатија лавот на ВМРО како државен симбол;

Ниту кога се реализираше проектот „Скопје 2014″, без ниту еден албански елемент во срцето на главниот град;

Ниту кога беше подигнат споменикот на Цар Душан, точно пред Собранието;

Ниту кога на 27 април беа тепани албанските пратеници во самото Собрание;

Ниту кога се срамеа цел народ со “Илиндита” – како резултат на нивната некомпетентност и сервилност;

Ниту кога се случи трагедијата со модуларната болница во Тетово, каде што загинаа невини граѓани, без ниту една оставка;

Ниту кога се случи несреќата со „Дурмо Турс”, без никаква правда за албанските жртви;

Ниту кога се случи трагедијата со „Беса Транс”, каде што животите ги загубија 45 луѓе, а никој не одговараше;

Ниту кога избувна скандалот Маѓар Телеком, еден од најголемите корупциски случаи во земјава;

Ниту кога САД го ставија Артан Груби на црна листа, десната рака на Ахмети, за поврзаност со касапот на Албанците, Сашо Мијалков.

Партија што никогаш не почувствувала срам, што никогаш не побарала прошка и што никогаш не презела одговорност за ниту една од овие трагедии – нема ни морал, ни право да зборува за иднината на Албанците.

ДУИ не е повеќе глас на Албанците – таа е товар на нивните плеќи.
Доаѓа времето на одговорност.

Можете да прочитате

Руската и кинеската морнарица спроведуваат заеднички артилериски вежби во Јапонското Море

Уште шест лица починаа од глад во Газа, вкупно 175

Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел