Утрински Весник
Македонија

ВРЕДИ: Беџети уште еднаш ја демонстрира неспособноста на ДУИ да се дистанцира од своето криминално минато

Vlen 1.webp.webp

Интегрален текст од соопштение на коалиција ВРЕДИ:

Настапот на Блерим Беџети е доказ дека ДУИ останува партија која ја водат криминални интереси.


Наместо да понуди нова визија за опозицијата, Беџети продолжува со старите и компромитирачки политики.

Блерим Беџети, како наследник на политиката „а ла Артан”, го користи истиот реторички речник што го доведе ДУИ до меѓународна изолација. Наместо да покаже одговорност и да понуди конструктивни решенија, тој игра со опасни алузии кон криминални групи, што е неодговорно и неприфатливо.

Не треба да се заборави неговата лична историја. Беџети беше уапсен за време на средба со криминални кругови поврзани со незаконски активности, беше соработник и чувар на тефтерчињата на Никола Груевски и Сашо Мијалков.

Јавноста заслужува одговори за веќе јавно познатата трета телеграма на Никола Груевски, пратена од Будимпешта, која наводно, била адресирана и се однесувала токму на Блерим Беџети.

Прашањето што треба да го одговори Блерим Беџети е: што му должат на Груевски тој самиот, Али Ахмети, Бујар Османи и Талат Џафери? Без одговор на ова прашање на сите ни е јасна дилемата за сериозните сомнежи за нивните меѓусебни односи и улогата на ДУИ во мрачните политички  и криминални игри од минатото.

Денес, наместо да ја искористи шансата за политичка трансформација, тој продолжува со истите практики, кои го уништија кредибилитетот на ДУИ.

За ВЛЕН, ваквиот пристап е штетен за политичката сцена и општеството. Опозицијата треба да биде пример за транспарентност, морал и конструктивност, а не повторување на истите грешки што ја доведоа власта на ДУИ до крајот.

Можете да прочитате

СДСМ утре ќе објави нови детали од бегството на Груби, но и индиции за вмешаност на Тошковски и МВР во целиот случај

Ѓорѓиевски: Интересот на граѓаните за еден градоначалник треба да е пред интересот на сè останато

Чупеска: Голема е веројатноста дека бегството на Груби е помогнато од ДПМНЕ