Утрински Весник
Македонија

Вратени украдените книги од Државниот архив 

Knigi.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Сите книги украдени во Архивот на Република Македонија се пронајдени и вратени, а меѓу нив нема документи од јавен или државен интерес. Ова го потврди за Скопје1, директорот на Државниот архив на Македонија, Димитар Богески, кој истакна дека станува збор за постари примероци, дупликати на изданија што не се дел од основните архивски фондови.

Кражбата се случила во објектот на Архивот на улица „Московска“. Сторителитe, тројца млади лица на возраст меѓу 17 и 19 години, скршиле стакло на еден од влезовите и изнесувале книги складирани во објектот. Бидејќи возилото не можело да влезе во дворот, книгите ги пренесувале преку решетката до автомобилот.

Настанот бил пријавен од чуварот, по што полицијата интервенирала. Министерството за внатрешни работи информира дека во раните утрински часови на 6 јануари на крстосницата меѓу булевар „Партизански одреди“ и улица „Московска“ биле лишени од слобода Е.Д. (18), Х.Е. (19) и малолетник од 17 години, сите од Скопје. При преглед на возилото „Опел Тигра“ биле пронајдени украдените книги. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

„Во депото не е влегувано и тоа е најважно. Се работи за дупликати од постари изданија. Утре ќе имаме прецизна евиденција за сè што било земено,“ изјави директорот.

Можете да прочитате

Десетици насилници со месеци се изживувале врз девојка од Кумановско

Бугарски државјанки осомничени за кражба на банкарски картички и паричници во Скопје

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – ГП Ќафасан