Утрински Весник
Култура

Вработените во Филхармонија со жолти ленти на концертите во знак на протест против одлуката да делат простор со џезерите

Вработените во Филхармонија со жолти ленти на концертите во знак на протест против одлуката да делат простор со џезерите

На синоќешниот концерт насловен „ФИЛИЗ“, но и на концертите кои ќе следуваат, вработените во Македонската филхармонија ќе носат жолти ленти, во знак на протест поради, како што велат, нетранспарентната и штетна одлука која ја донесе Министерството за култура, новоформираниот Национален џез-оркестар институционално да се смести во зградата на Филхармонија.

dobivaj vesti na viber

Пред почетокот на концертот, пред публиката се обрати Ана Кондратенко, концерт мајстор во оркестарот, а истата порака на англиски јазик ја прочита и диригентот Џорџ Џексон од Англија.

„Нашата борба да си го зачуваме просторот за работа нема да запре се додека не се промени одлуката за просторно сместување на уште една институција во објектот кој наменски е изграден за да ги задоволи потребите на вработените во Македонската филхармонија. Гордо сме исправени пред предизвикот, ќе истраеме во нашата борба! Тоа и го должиме на публиката, на нашите колеги кои никогаш немаа можност да отсвират ниту еден тон во новата сала, но и на сегашните и идните генерации кои ќе бидат дел од овој оркестар кој следната година прославува 80 години од формирањето!

Музиката е единствена вистина за Нас, таа е наша животна определба, а оваа сала е наш ‘втор дом’!“, гласеше пораката испратени до сите присутни на синоќешниот концерт.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“