Вработените од стручната служба на судскиот совет и денес протестираат пред влезот на објектот за повисоки додатоци на платата.
Бараат обезбедување на парични средства за додатоци на плата во износ од 30 отсто како и потпишување на анекс договор за измена на колективниот договор.
Станува збор за 30 вработени, па од тука сметаат дека нивните барања нема да предизвикаат фискални импликации.
Во судскиот совет денес се очекува да бидат констатирани оставките на двајцата судии Мирјана Радевска Стефкова и Зоран Герасимовски.
Судскиот совет во последниот месец е цел на негативни критики и од страна на меѓународната заедница, по разрешувањето на претседателката Весна Дамева и расправиите во изминатите месеци.