Утрински Весник
Македонија

Вработен во Општина Тетово доби кривична пријава оти присвоил мобилен во сопственост на Општината

Вработен во Општина Тетово доби кривична пријава оти присвоил мобилен во сопственост на Општината

Вработен во Општина Тетово доби кривична пријава за сторено кривично дело „проневера во службата“.

dobivaj vesti na viber

Министерството за внатрешни работи соопшти дека СВР Тетово поднело кривична пријава против Б.Б.(38) од Тетово, бидејќи лани присвоил мобилен телефон кој бил во сопственост на Општината.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б.(38) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘проневера во службата’. Во текот на 2022 година, пријавениот во својство на вработен во општина Тетово противправно присвоил мобилен телефон кој бил во сопственост на Општината“, соопшти МВР.

Можете да прочитате

Викендов променливо облачно време, на повисоките места слаб снег

Лазов од велешка Маслодајна бара намалување на ДДВ за сончоглед од 10 на 5 отсто, а на суровото масло како суровина за производство на зејтин зголемување на ДДВ од 5 на 10 отсто

Меџити потврди дека Мухамед Хоџа ќе биде министер за екологија, а Беким Сали прв вицепремиер