Утрински Весник
Свет

Вознемирувачка снимка од масакрот во Грац: Во училиштето се водела вистинска војна, има најмалку 10 мртви

Printscreen.png

На социјалните медиуми е објавена првата стравична снимка, на која се слуша пукотницата во училиштето во Грац, во која најмалку 10 лица се убиени, а двоцифрен број жртви се повредени, откако ученик од училиштето, кој се сметал за малтретиран, отворил оган врз децата во две училници.

Австриските медиуми објавуваат дека меѓу жртвите имало и наставници и ученици. Според веродостојни извори, во моментот 10 лица се мртви. Осомничениот сторител бил пронајден мртов во еден од тоалетите. Според медиумите, тој се самоубил.


Бројот на жртви продолжува да расте. Бројот на сериозно повредени е двоцифрен.

Неколку стотици полицајци моментално се на местото на настанот, вклучувајќи ги и членовите на единицата „Кобра“.

Можете да прочитате

Русија нуди партнерство на САД: На маса Арктикот, вештачката интелигенција и вселената

Осумнаесет лица затруени со јаглерод моноксид во ресторан во италијанскиот град Варезе

Орбан од Брисел: Нема да дозволиме отстранување на ветото или милитаризација на Унијата