Утрински Весник
Македонија

Возило излета од патот Охрид – Кичево, повредени неколку лица

Комбе удри скопјанец на паркинг

Вчера, во 8.30 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Кичево, помеѓу село Врбјани и село Сливово, патничко моторно возило „форд“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот Б. М. од село Долно Свиларе, Скопско, излетало од патот, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

„По несреќата, возачот Б. М. и двајца малолетни сопатници од истото село биле пренесени во комплексот клиники ‘Мајка Тереза’, а сопатниците Х. М. (44) и еден малолетник, двајацта од с. Долно Свиларе, биле пренесени во болницата ‘Св. Еразмо’ во Охрид. Притоа на Б. М., Х. М. и на двајца од малолетниците им биле констатирани тешки телесни повреди, а на еден малолетник му биле констатирани телесни повреди“, соопшти МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

Можете да прочитате

Спречен обид за илегално преминување на државната граница

Акција на полицијата во Гостивар: Марихуана пронајдена при претрес на дом

Успешна потрага на Шара: пронајдена жената која исчезна при искачување кон „Титов Врв“