Утрински Весник
Македонија

Возачи во Виница, Битола, Штип и Крива Паланка возеле под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената, двајца од нив учествувале и во сообраќајки

Policija 1.webp.webp

На 10.11.2025 во 16:50 часот на патот А3, на место викано „Превалец“ во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода Ј.Ѓ.(60) од с.Истибања, виничко. Претходно, на патот тој со возилото „фиат“, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со возило „шкода“, управувано од М.Г.(56) од Делчево. При преземење мерки во врска со негодата, полициските службеници констатирале дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,52 промили алкохол во крвта.

На 10.11.2025 во 23:16 часот на ул.„8 Септември“ во Битола, при контрола во сообраќајот со радар, полициски службеници од СВР Битола констатирале дека патничко возило „Волво“ со битолски регистарски ознаки се движи со брзина од 112 километри на час. Возачот не застанал на даден знак за запирање и со возилото продолжил со движење.


На 10.11.2025 на ул.„Косовска“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода А.К.(26) од Штип. Околу 20:10 часот на истата улица, тој со патничко возио „ауди а4“, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со возило „ауди а6“, управувано од Е.Д.(37) од Штип. При преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека А.К. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,98 промили алкохол во крвта. Исто така, во врска со незгодата, А.К. пријавил дека бил физички нападнат од Е.Д..

На 10.11 2025 во 08:41 часот на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во с.Узем, кривопаланечко, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода В.А.(54) од Скопје. При контрола во сообраќајот со радар констатирано е дека управувал патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 98 километри на час на место каде со сообраќаен знак дозволената брзина е ограничена на 40 километри на час.

По целосно расчистување и документирање на случаите, против сторителите ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можете да прочитате

15-годишник со Голф се судрил со Пасат: Повредени шест лица кај Кондово, меѓу нив и двегодишно девојче

Во штипскиот Основен суд на 27 ноември почнува судењето за убиството на турскиот државјанин

СДСМ: Штетите врз земјоделците се огромни по суспензијата на ИПАРД, власта да ги објави бројките и да го разреши Трипуновски