Утрински Весник
Магазин

Возачи, внимавајте: Колку се опасни лисјата на патот?

62805534065420f7b7d4aa045657387 V4 Big.jpg

И без дожд, треба да возите повнимателно во текот на есента, бидејќи еден од ризиците се лисјата на патот.

Иако за овој период од годината сè уште е топло, како воопшто да не е дојдена есента, метеоролозите најавуваат повремена облачност со врнежи од дожд, кои како што ќе тече октомври ќе зачестуваат. Дури и без дожд, треба да возите повнимателно, бидејќи еден од ризиците се лисјата на патот.

Лисјата на патот може да бидат лизгави како мраз. Затоа, треба да забавите кога ќе наидете на дел од патот покриен со лисја. Особено опасни се патиштата кои минуваат низ шумски и ридски предели. Тоа што можеби не врнело два-три дена, а асфалтот е сув, не значи дека листовите на патот не се лизгави како мраз. Можеби ја задржалe влагата од неодамнешниот дожд. Може да има акумулирано влага од (утринската) магла или роса.

На прв поглед, првиот слој на лисја може да изгледа дека е сув, или можеби е сув, но одоздола има слој од влажни лисја. Не велиме ни дека сувите листови се идеална подлога за возење… Доколку налетате на голема количина влажни листови во некој свиок, нема да ви помогнат ниту ABS ниту ESP, исто како што не би помогнале ако површината е покриена со мраз.

Помошта што овие системи можат да ја пружат директно зависи од добриот контакт на гумата со подлогата.

Секако, ABS ќе спречи блокирање на тркалата при сопирање и евентуално лизгање – но тоа е сè. ABS нема начин да ги прекрши законите на физиката и да го запре автомобилот на лизгава површина.

ESP, исто така, ќе стори сé што може за да го одржи автомобилот на безбедна патека во кривина – но само ако не возите пребрзо и гумите доволно добро се лепат за асфалтот. И ако има влажни, лизгави лисја помеѓу гумите и асфалтот – како може ESP да си ја заврши работата?

Не може да фрли сидро… Едноставно, ESP, т.е. Електронската контрола на стабилноста (ESP, ESC, VDC, DSC…) не може да помогне ако нема доволно триење помеѓу подлогата и гумите. ESP ќе се обиде неуспешно да ве врати на вистинскиот пат бидејќи возачот ја губи контролата.

Зошто ABS и ESP не можат (многу) да помогнат?
Ајде да објасниме како функционира ESP. Со сопирање на поединечни тркала, тоа влијае на движењето и подвижноста на автомобилот. Ако се појави влечење на задниот дел при вртење налево (пренасочување – задниот крај се префрла надесно), ESP ќе ја активира сопирачката на предното десно тркало за да се обиде да го поправи движењето на автомобилот.

Заклучокот е дека кога сопира само едно тркало, тој го оддалечува автомобилот, па токму тоа го користи ESP – ако автомобилот се префрли на едната страна, ESP ќе почне да сопира едно или две тркала за да се спротивстави, т.е. почнал да го носи на другата страна и така му го поправил патот.

Ако во истата (лева) кривина има пролизгување „преку нос“ (пребрзо влегувате во кривината, го вртите воланот, но автомобилот не слуша туку ја проширува саканата патека, популарно „ја исправа кривината“), ќе се активира сопирачката на внатрешното задно тркало.

Ова е тривијално објаснување – целиот процес е многу покомплициран и се одвива со молскавична брзина, често пред возачот воопшто да забележи дека е на работ да ја изгуби контролата над автомобилот.

Во предвид се земаат бројни параметри, а реакцијата на системот се менува за дел од секундата во зависност од промената на однесувањето на возилото. Понекогаш во зависност од ситуацијата, се „гуши“ и моторот за да се смири возилото, т.е. со цел погонските тркала да ја вратат влечната сила.

И она што е најважно – управувањето со „процесот“ на сопирање се врши со помош на ABS.

Можете да прочитате

Водата од овој манастир прави чуда: Неподвижни проодуваат, a слепи прогледуваат …

Октромври месец полн со страст и возбуда за пет хороскопски знаци

Колку сол треба да ставите во киселата зелка?