Утрински Весник
Македонија

Возач на мотоцикл повреден во сообраќајка кај Јурумлери

Motormvr.jpg

На 18.05.2026 околу 15:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Јурумлери, скопско, на крстосница од регионален пат Скопје-Велес и општински пат с.Јурумлери-с.Долно Лисиче се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода” со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(44) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од М.П.(33)од с.Идризово, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Можете да прочитате

Министерот Серафимовски со претставници на винарската индустрија: Инклузивен дијалог за поквалитетен и поконкурентен вински сектор

Снег заврна на Попова Шапка

Двајца малолетници тешко повредени по пад од мотоцикл