Утрински Весник
Македонија

Востановена награда „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади

Nagrada Olivera Nikolova.jpg

Делата на Оливера Николова, со емоционалната длабочина и хуманост, со својата автентичност, и денес се инспирација за генерации читатели.

„Во време кога книжевноста за деца е притеснета меѓу литературата за деца и возрасни, нашата цел е да го ревитализираме овој жанр, да му дадеме простор да расцутува и да стане повторно значаен дел од современата македонска книжевна сцена“, изјави Бранка Бугариска, директорка на издаваштво во „Арс Ламина“.


Да се пишува за деца е исклучителен предизвик, кој секогаш подразбира искреност и точно се сеќавам на моите почетоци во тој жанр, вели Михајловска Георгиева.

„Му кажувам на син ми дека ќе пишувам роман за деца и тој со една реченица ме исфрустрира вели: Ако можеш да пишуваш како Оливера Николова, тогаш ок, ако не тогаш ич не почнувај. И јас и се јавив на Оливера, го кажувам ова, ѝ велам се исфрустрирав сега како ќе го почнам и таа се раскикоти, како што знаеше да се смее и ми вели блесава една никого не слушај и на никого не мисли и воопшто да не ти е гајле кој што сака од книгата. Пишувај така како што ќе ти дојде“, изјави Јагода Михајловска Георгиева, писателка и членка на жирито.

Мразам патетики и мајка ми ги мразеше и тоа сите кои беа блиски со неа го знаат, но сето ова ме трогна и би сакала да се заблагодарам, рече нејзината ќерка Јана Андреевска.

„Мајка ми многу сериозно ја сфаќаше литературата за деца. Тоа е едно, и друго многу сакаше да открива нови писатели, нови таленти и како што кажа Јагода да пишуваат, да пишуваат и да се неуморни во тоа“, изјава Јана Андреевска, ќерка на Оливера Николова.

Станува збор за конкурс кој не загрозува ниту еден постоен конкурс, вели Ќорвезироска.

„Ова е конкурс за необјавен роман кој што ќе ја збогати продукцијата во Македонија воопшто, а при тоа наградениот роман и романите кои ќе учествуваат на овој конкурс ќе имаат поширока рецепција“, вели Оливера Ќорвезироска, уредничка и писателка.

Воедно право на учество на конкурсот имаат сите полнолетни лица кои ќе пратат необјавен ракопис – роман за деца и млади, напишан на македонски јазик и со кирилско писмо.

За проследувачите на литературата за деца радува фактот се зголемува бројот на нови автори за деца, меѓутоа расте и интересот за литературата за деца без оглед дали станува збор за домашни или странски изданија.

Можете да прочитате

Притвор за Капушевски, куќен притвор за Јахоски, мерки за претпазливост за останатите осомничени

Договорена брза енергетска соработка меѓу Македонија и Чешка

Не наседнувајте на лажни понуди од „Wolt“ – Компанијата предупредува на измами