Утрински Весник
Свет

Вооруженото крило на Хамас соопшти дека го нападнало Тел Авив со ракети

Uploads Thumbs Resize 800x420 621185.jpg

Вооруженото крило на Хамас денеска со ракети го нападна Тел Авив, се наведува во соопштението на групата, цитирано од британските медиуми.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека во централниот дел на земјата се активирани сирените за тревога.

Израел денеска организира бдеење и церемонии со кои ја одбележува првата годишнина од нападот на Хамас што ја предизвика војната во Газа.

Американските медиуми забележуваат дека ненадејниот напад на 7 октомври 2023 година го уништи чувството на безбедност кај Израелците и ја разниша нивната верба во лидерите и војската.

Последиците од нападот и војната што следеше продолжуваат да се чувствуваат една година подоцна. Војната во Газа трае со сета жестина, а Израел од пред две недели почна нова војна против либанското шиитско движење Хезболах, кое го напаѓа Израел од 8 октомври 2023 година. Ескалира и конфликтот со Иран, кој ги поддржува и Хамас и Хезболах, и се заканува да го вовлече регионот во многу поопасна војна.

Во израелската воена офанзива во Газа досега загинаа најмалку 41.909 Палестинци, а ранети се 97.303, соопштија палестинските здравствени власти.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk