Утрински Весник
Македонија

ВОНРЕДНА МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА БАЛКАНСКИОТ ПОЛУОСТРОВ: Најпрвин од силно невреме, опасно по човечкиот живот ќе бидат зафатени Босна, Хрватска и соседна Србија

Xx Model En 360 0 Modez 2024062100 31 947 654 Crop.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почитувани наши, атмосферата е премногу загреана и тоа поради повеќе дневното присуство на екстремно топлиот бран од Африка, од друга страна продорот на значително посвеж воздух од Атлантикот преку западна  и северозападна европа, потоа преку централна европа  и Алпскиот регион ќе предизвика формирање на секундарен висински циклон над Средоземјето.

Во ваква ситуација, утре 22,06.2024 во попладневните часови во источна Хрватска, северните  и источните предели на Босна и Хрцеговина, како и западна и централна Србија ќе бидат на удар на локални силни временски непогоди, кои дури би можеле да бидат опасни и по човечкиот живот. Овие временски непогоди ќе се задржат  и во недела, како и во почетокот на следната седмица, но со тоа што ќе  ги има многу повеќе  и на повеќе места на Балканот, вклучувајќи ја и нашата Македонија.

Од појави ќе има, обилни поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, бурен ветер, како и со појава на крупен град. Да напоменеме дека можни се  и штети, како и локални поројни поплавувања.

Апелираме, граѓаните во овие предели , секако и нашите граѓани кои се таму да бидат крајно внимателни, и во случај на појава на силно невреме  и на силни електрични пранзења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја, а автомобилите во случај на појава на крупен град исто така да се заштитат. Во ваква ситуација, можно е формирање и на Суперќелијски облаци во одредени места од споменатите области.

Можете да прочитате

Променливо и посвежо и утре, додека за време на викендот ни следува краткотрајна стабилизација на времето и значително повисоки температури

Српските медиуми брујат – Силјановска Давкова со поддршка за Косово

Еден од министрите во владата на Мицкоски е со бугарско државјанство