Утрински Весник
Свет

Волстрит журнал: Трамп е на пат да заработи 3,5 милијарди долари од „Трут соушал“

1707128448 Unnamed File.webp.webp
Ss2

Едно од решенијата на финансиските проблеми на  Доналд Трамп, експретседател на САД и претседателски кандидат на републиканците, е да добие речиси 3,5 милијарди долари од својот удел во неговата социјална мрежа „Трут соушал“.

Трамп се соочува со краен рок да обезбеди гаранција за плаќање на 454 милиони долари казни пресудени во граѓански парници против него, и можната првична јавна понуда (ИПО) за котирање на „Трут соушал“ на берзата може да му обезбеди таква гаранција.

300x250 (7)

Подржувачите на Трамп и трејдерите кои се обложуваат на политичкиот моментум што се гради околу него ја креваат цената на оваа социјална мрежа, објави синоќа Волстрит журнал,

Јавната понуда се очекува да биде идната недела, иако, како што пишува изданието, мрежата имаше милиони долари загуби и судски одлуки против неа за инсајдерско тргување.

-Подржувате на Трамп се обединија заедно и ја искачија цената, проценувајќи ја на неверојатни шест милијарди долари, наведува изданието.

Аналитичарите сметаат дека меѓу трејдерите постои премолчан консензус дека колку повеќе Трамп има политичкиот моментум, толку повредна ќе биде акцијата на компанијата што планира да се спои со „Трут соушал“. Тоа повеќе е како политички изјава или квази обложување на изборите, велат набљудувачите.

„Трут соушал“ е создадена од Трамп во 2021 година откако тој беше исфрлен од главните платформи како Х (поранешен Твитер) и Фејсбук.

Ако предвиденото ИПО помине успешно, добивката од 3,5 милијарди долари може да го олесни финасискиот притисок врз него и да ја засили неговата политичка кампања, смета Волстрит журнал. 

Ss1

Можете да прочитате

Латвијците повикани своите подруми да ги претворат во засолништа од воздушни напади

Десетици смртни случаи во САД на луѓе на кои им се давале седативи за време на апсења

Протестите во кампусите на универзитети во САД против војната во Газа продолжија, професорите ги поддржуваат студентите