Утрински Весник
Свет

Володин предлага да им се конфискува имотот на Русите кои ја напуштија и навредуваа Русија

Володин предлага да им се конфискува имотот на Русите кои ја напуштија и навредуваа Русија

Претседателот на руската државна дума, Вјачеслав Володин, предложи да се конфискува имотот на руските државјани кои заминале во странство и давале навредливи изјави против Русија и нејзината армија.

dobivaj vesti na viber

„Коректно би било соодветните членови од Кривичниот законик да се дополнат со клаузула за конфискација на имотот во Руската Федерација, што им е доволно за да ја надоместат штетата“, напиша денеска Володин на својот канал Телеграм.

Тој додаде дека ова се однесува на руски државјани кои неодамна „мислат дека можат да ја навредат Русија, нејзините граѓани, војници и офицери…“, пренесува Интерфакс.

Володин смета дека, според законодавството на Руската Федерација, таквите изјави може да се сметаат за повици за екстремизам, рехабилитација на нацизмот или дискредитација на вооружените сили, пренесува Танјуг.

Можете да прочитате

Во Саудиска Арабија егзекутирани осум осуденици во еден ден

Македонска државјанка повредена во сообраќајка на Алјаска

Жена на 76 години за првпат стана мајка