Утрински Весник
Свет

Володин: Германија и Франција мора да платат отштета на жителите на Донбас

Володин: Германија и Франција мора да платат отштета на жителите на Донбас

Претседателот на руската Државна дума, Вјачеслав Володин, смета дека Германија и Франција мора да им платат отштета на жителите на Донбас, а Европејците да сфатат кој е одговорен за нивните проблеми.

dobivaj vesti na viber

„Германија и Франција мора да платат компензација на жителите на Донбас… А граѓаните на Европа треба да знаат за кого се во неволја – немање парно, струја, огромна инфлација, затворање на бизниси“, напиша Володин на Телеграм, јавува Танјуг.

Според неговата проценка, ситуацијата во Украина е последица на „лажливата политика на лидерите на тие земји“.

Според Володин, во 2014 година, министрите за надворешни работи на Германија и Франција, како гаранти, потпишале документ за мирно решавање на проблемите меѓу легалните украински власти и опозицијата.

Тој додава дека се завршило, како што наведе, со државниот удар во Киев и геноцидот врз населението во Донбас и дека после тоа тие земји учествувале во склучувањето на Минските договори, кои никој не планирал да ги спроведе.

„Предпланираното неисполнување на обврските преземени со потпишување меѓународен договор не е само губење доверба, туку и злосторство за кое одговорност мора да сносат потписниците на Минските договори – Меркел, Оланд и Порошенко“, смета Володин.

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел неодамна изјави дека договорите од Минск се потпишани за да и се даде време на Украина да зајакне, пренесуваат медиумите.

Можете да прочитате

Макрон избра нов премиер на Франција

Орбан за приемот на Украина: Проширувањето на ЕУ не може да се базира на лицемерие и двојни стандарди

Трагедија на протестите во Непал – жива запалена сопругата на поранешниот премиер