Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да побара оставка од Арсовска ако имаат принципи

Арсовска со реакција до премиерот: Поради континуирано задоцнетите мерки, сите плаќаме поскапа електрична енергија и парно

Одговорни за хаосот во Скопје се партнерите од коалицијата Тачела. Всушност оваа коалиција стои зад кадрите на СДС дополнети со ликови од ДУИ, ГРОМ и Левица кои ги водат јавните претпријатија кон пропаст, а со тоа и Градот кон колапс, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека оваа коалиција не ја врзуваат ниту програма, ниту принципи, туку ја врзуваат бизнис интересите, тендерите и дебелите директорки плати. Ниту интересите на градот Скопје, ниту интересите на граѓаните не им се битни, само пусти пари и провизии.

Впрочем, ако СДС навистина сметаат дека Данела Арсовска лошо го менаџира Градот Скопје зошто не побараат оставка од неа? Зошто ГРОМ, Левица и ДУИ молчат и полнат директорски џебови дури градот е во хаос?

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува СДС ако имаат храброст и принципи да побараат оставка од Арсовска? Во спротивно молкот е потврда дека Тачела коалицијата е голема колку и меракот за матни тендери, пари и провизии на нејзините сегменти.

Можете да прочитате

Втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница

Oблачно со повремени врнежи од дожд

Еден повреден пренесен со Брза помош во пресметка пред СЦ „Јане Сандански“