Утрински Весник
Спорт

Волкановски го брани Хазбула од Мекгрегор: Прво треба да ме поминеш мене

Волкановски го брани Хазбула од Мекгрегор: Прво треба да ме поминеш мене

Актуелниот УФЦ шампион во перо категорија, Австралиецот со македонско потекло, Александер Волкановски застана во одбрана на „малата“ ѕвезда на социјалните мрежи, Хазбула Магомедов, откако Конор Мекгрегор напише дека сака да го шутне рускиот тинејџер со пречки во растот преку гол.

dobivaj vesti na viber

Волкановски, кој ја одбрани УФЦ титулата во јули во третиот меч против Макс Холовеј, неодамна се сретна со Хазбула при неговата посет на Австралија, и реагираше кога 34-годишниот Мекгрегор на социјалните мрежи тргна во напад на азбула.

„Би сакал да го шутнам тоа мало џуџе Хазбула преку гол. Колку би можел да го фатам на волеј. Ќе си направам мисија да дадам тројка со него еден ден“, напиша Мекгрегор.

На Волкановски ова не му се допадна.

„Прво ќе треба да ме поминеш мене. Остави го мојот пријател на мир, Конор“, напиша Волкановски на Твитер.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина