Утрински Весник
Спорт

Волф вети многу изненадувања од Мерцедес

Волф вети многу изненадувања од Мерцедес

Новиот болид на Мерцедес за 2023 година, „Formula 1 – W14“, ќе биде „полн со изненадувања“, изјави тимскиот шеф Тото Волф.

dobivaj vesti na viber

Мерцедес ја заврши 2022 година со само една победа, а „W13“, влезе во историјата како еден од најнеуспешните модели и секако најтешкиот автомобил за возење.
Тото Волф потврди дека тимот работи на новиот болид „W14“, веќе неколку месеци и дека новиот болид ќе биде доста различен од неговиот претходник.

„Нашиот нов болид е полн со изненадувања“, изјави Волф и дополни.

„Последниот пат кога го видов „W14“, автомобилот многу личеше на претходниот, но техничкиот тим ми објасни дека големите промени не се видливи со голо око. Влегов во воздушниот тунелот и си реков дека новиот автомобил многу личи на стариот. Големите промени се поврзани со управувањето и отстранувањето на протокот на воздух, не само под автомобилот. Променети се распределбата на тежината и комплетниот пакет на аеродинамика. Во основа, кон средината на минатата сезона го променивме концептот на болидот што го користевме, но изгледот на автомобилот остана ист“.

Волф рече дека по првите тестови, пред почетокот на сезоната, ќе стане јасно дали тимот успеал да ги отстрани слабостите на „W13“, во создавањето на нов болид.

Можете да прочитате

Успешно реализирано Светското училишно првенство во ракомет – Македонија ја оправда довербата на светската спортска сцена

Мастербет со поддршка за младиот шампион Силвио Мировски на патот кон нови европски успеси

Неверојатно полуфинале во Париз – ПСЖ и Баерн постигнаа девет голови