Утрински Весник
Македонија

Водата во Крива Река е опасна по живот – има десеткратно повеќе штетни метали, рече градоначалникот на Крива Паланка

11 11.jpg

Водата во Крива Река е опасност по животот и здравјето на луѓето откако избила хаварија во рудник. Според градоначалникот Сашко Митовски, во неа има десеткратно повеќе присуство на метали. Рече дека ќе поднесат кривична пријава. Според него, Државниот инспекторат нема постапено согласно законите.

„Извештајот на акредитирана лабораторија покажа дека водата во Крива Река, еден ден по хаваријата во рудникот Ораница, е сериозно загадена и претставува опасност за животот и здравјето на луѓето. Извештајот покажува дека неверојатно зголемени концентрации на штетни материи, а она што најмногу загрижува е десеткратното присуство на штетни метали, односно, количината на олово присутно во водата“, рече градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.


Тој го повика и Обвинителството да постапи, а вината ја лоцираше кај концесионерот на рудникот.

„Она што можеби е пострашно е што е загрозена и почвата по текот на овие реки, земјоделските насади кои се наводнуваат од овие речни подрачја“, додаде тој.

Можете да прочитате

Таравари реагира за случајот во Нерово: Што е поправедно – казино со дозвола или училиште без дозвола?

Црвениот крст на Србија донира над 15 милиони динари за повредените во пожарот во Кочани

Tрајанов: Мицкоски никогаш не кажал дека ќе го врати името