Утрински Весник
Македонија

Водата во Кавадарци да се преврива пред пиење – изворот се замати од дождовите

Водата во Кавадарци да се преврива пред пиење – изворот се замати од дождовите

Водата за пиење во Кавадрци е заматена и пред употреба треба да се преврива, информираат од јавното претпријатие „Комуналец“ од Кавадарци.

dobivaj vesti na viber

Причината за заматаувањето на водата за пиење, како што информираат од „Комуналец“ се обилните дождови на изворите Лукар.

Оттаму велат дека состојбата постојано се следи и дека навреме ќе ги информираат граѓаните за сите промени.

Од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, велат дека два дена Тиквешијата е зафатена од обилни врнежи, а најголема количина е регистрирана на мерните станици во селото Раец каде се измерени 145 литри на метар квадратен. Тами се излеа и Раечка Река поради што во прекин беше патниот правец за Прилеп.

Од општината го предупредуваат населението да не се движи во близина на речното корито во пределот Раец-Дреново, бидејќи водостојот на реката е сè уште висок и водата од земјоделските површини не е повлечена

Можете да прочитате

На Дојран спречен обид за криумчарење 5.050 штеки цигари, српски државјанин лишен од слобода

СДСМ: Мицкоски со анти-ЕУ кампања ја води земјата кон изолација

ДОМ: Конкретни решенија за една изборна единица, а не само декларативност