Утрински Весник
Македонија

Каде сè има висок водостој на реките: Штети и во земјоделството и на инфраструктурата

Каде сè има висок водостој на реките: Штети и во земјоделството и на инфраструктурата

Нивото на реката Вардар кај селото Раотинце, Општина Јегуновце, е високо и не е променето од синоќа. Водостојот на Вардар е висок и кај Велес.

dobivaj vesti na viber

Центарот за управување со кризи информира дека поради слаби локални врнежи во сливното подрачје на Кочанска река нејзиното ниво е зголемено. Од ЦУК додаваат дека во атарот на с. Облешево е високо, а реката е излеана надвор од коритото и зафатена е земјоделска површина.

Регионалниот ЦУК Прилеп известува дека по јавување на граѓанин за оштетување на коритото на „Дабнички канал“ на ул. „Кеј 19 –ти Септември“ наспроти објект – зграда 3 и е направена дупка што е проширена до работ со асфалтот од улицата.

На лице место веднаш е излезено од вработените во РЦУК Прилеп и е утврдено дека тоа претставува опасност за непретпазливи минувачи и евентуално е можно пропаѓање на асфалтот при минување на потешки возила.

 

 

Можете да прочитате

Муцунски: Бледскиот форум важна платформа за размена на ставови за иднината на регионот

ДКСК утврди коруптивни регулаторни ризици во членови од Законот за финансирање на политички партии

ЛДП: Владата мора итно да го разреши Китановиќ – со коленичење ли пред премиерот ќе ја задржи функцијата во Агенцијата