Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Во вторник на протест вработените во шест министерства и ДЗС

Upoz1 E1649155938195.jpg
Dik 300x250 mk

По стапувањето во штрајк на вработените во Државното правобранителство пред два дена, во вторник, на 14 јануари, на протест излегуваат вработени од шест министерства, како и од Државниот завод за статистика.

Ова во изјава за МИА го потврди претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, кој рече дека засега се очекува на протест да излезат вработените од министерствата за култура, животна средина, европски прашања, дигитална трансформација, транспорт и врски, економија и труд, како и вработените од Државниот завод за статистика. 


Деаноски нагласи дека во понеделник официјално ќе биде објавено кој сѐ ќе учествува на протестот, бидејќи, како што рече, постои можност да се приклучат вработени и од други министерства.

– Во понеделник официјално ќе објавиме кој сѐ ќе учествува на протестот. Засега има шест министерства кои ќе излезат на протест, односно Министерство за култура, Министерство за животна средина, Министерство за европски прашања, Министерство за дигитална трансформација, Министерство за транспорт и врски, Министерство за економија и труд, како и вработените во Државниот завод за статистика. Барањата се потпишување на колективен договор, со којшто вработените ќе имаат 30 проценти додаток на плата, изјави Деаноски. 

Можете да прочитате

Филипче повика на масовна излезност: Се бориме за вредности, за домот и иднината на Македонија

Во Штип отворeн Дино парк – нова атракција за деца и љубители на праисторијата

Филипче: На изборите се враќа силата на народот, се враќа СДСМ