Утрински Весник
Македонија

Во Владата има „српски свет“ кој промовира руски наративи – велат од ДУИ

Dui 1 750x430 1.jpeg

Демократската унија за интеграција (ДУИ) обвинува дека во Владата има инсталации на, како што велат, „српскиот свет“, кој ги промовираат и брани руските наративи.

Реакцијата се однесува на вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, кој пред три дена беше на прием на руската амбасада во Скопје, по повод Денот на Русија.


Од партијата на Али Ахмети велат дека заштитата од манипулациите и малигните руски влијанија се препознаени, идентификувани и потврдени од страна на НАТО како директна закана во процесот на политичко одлучување во земјите членки.

„Стoиљковиќ ја претставуваше Владата застаната рамо до рамо со амбасадорите на Русија, Кина и нивни земји стратешки партнери, но и заедно со бројните домашни инсталации на српскиот и рускиот свет, а во одбрана на руската агресија врз Украина. Премиерот и во овој случај се појави во улога на релативизатор на овој опасен тренд, ставајќи се во заштита на неговиот миленик во Владата. Оваа позиција на Владата преставува опасен преседан преку кој се врши ‘нормализација’ на промената на официјална политика на земјава, која треба да ја напушти јасната евроатланска ориентација и да се доближи до алтернативните центри на политичка моќ, предводени од Пекинг и Москва“, се вели во реакцијата на ДУИ.

Извор: Фокус

Можете да прочитате

Трифунова: На колена ве молам – помогнете ми да ја одбранам смртта на мојот ангел

Смрт на заштитен вид мајмун во Скопската Зоолошка

Обвинителство ќе организира средба со родителите на загинатите во Кочани