Утрински Весник
Свет

Во Украина пристигнаа првите тенкови „Леопард 1“

Во Украина пристигнаа првите тенкови „Леопард 1“
Dik 300x250 mk

Првите 10 тенкови Леопард 1, кои беа донирани од Данска, Германија и Холандија, пристигнаа во Украина, соопштија данските вооружени сили.

dobivaj vesti na viber

Трите земји во февруари најавија дека ќе донираат 100 тенкови од германско производство во наредните месеци.

Првите 10 тенкови беа испратени во Украина, а на пат има уште, според соопштението на данските вооружени сили, пренесува Гардијан.

„Не се сомневам дека тоа ќе им помогне“

Данските војници во Германија ги обучуваат украинските сили да ги користат овие возила, се додава во соопштението.

„Не се сомневам дека тоа ќе им помогне да ја добијат одбранбената битка што ја водат во моментов“ се вели во соопштението на командантот на армијата, Нилсен.

Леопард 1 некогаш бил главниот борбен тенк на западногерманските вооружени сили, првпат користен во 1965 година, но оттогаш е заменет со моделот Леопард 2.

Можете да прочитате

Зеленски: Мора да извршиме заеднички притисок врз Путин за да ја запре војната 

Новиот пакет санкции кон Русија вклучува 69 листи на индивидуални и економски рестриктивни мерки

Северна Кореја тестираше нови суперсонични ракети