Утрински Весник
Свет

Во Њујорк осветлена најспектакуларната елка на светот во центарот „Рокфелер“

Во Њујорк осветлена најспектакуларната елка на светот во центарот „Рокфелер“

На големата елка поставена пред „Рокфелер“ центарот во Њујорк беа запалени свеќи, продолжувајќи ја 90-годишната традиција на Менхетен.

dobivaj vesti na viber

Речиси на сите улици на Њујорк може да се почувствува празничниот дух и да се видат украсени излози кои привлекуваат локални и странски туристи.

Норвешката елка висока 82 метри пристигна во Њујорк на 12 ноември откако патуваше 200 милји од Квинсбери во северниот дел на Њујорк.

Во средата вечерта, на врвот беше поставена ѕвезда од 900 фунти со три милиони кристали Сваровски. Дрвото е украсено со 50.000 светилки.

Палењето на светилките пред Центарот го следеа илјадници луѓе, а голем број луѓе преку малите екрани го следеа овој настан.

Њујорк секоја година за време на Божиќ и Нова Година го посетуваат голем број туристи.

Можете да прочитате

Уапсен полски државјанин вплеткан во организација за наводен атентат на Зеленски

САД ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН

САД и В.Британија воведоа санкции кон Иран