Утрински Весник
Свет

Во Турција уапсени 42 членови на „Исламска држава“ во голема антитерористичка операција

Policija.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во Турција во големата операција против групата „Исламска држава“ се уапсени 42 нејзини членови, јавија турски медиуми.

Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја соопшти дека во акцијата која била спроведена на територијата на 17 (од вкупно 81) окрузи во земјата, меѓу кои Адана, Анкара, Истанбул и Едрене се приведени вкупно 42 лица.


Јерликаја прецизираше дека операцијата била спроведена под координација на окружните обвинителства и Управата за борба против тероризмот на Генералната команда на жандармеријата од тимови од локалните команди на жандармеријата.

Како резултат на операциите, уапсени се 42 осомничени за кои е утврдено дека се членови на терористичката организација, ја финансирале и вршеле пропаганда за неа преку нивните профили на социјалните мрежи. Во рациите се запленети бројни документи и дигитални материјали на групата, истакна Јерликаја .

Можете да прочитате

Белорусија распоредува ракети „Орешник“ на својата територија

Трамп: Хамас го чека пекол ако не се разоружа

Украина ја нападнала резиденцијата на Путин, Кремљ најави одговор