Утрински Весник
Свет

Во Турција разрешени тројца градоначалници од прокурдска партија, обвинети за тероризам

Turcija.webp.webp

Тројца градоначалници од Народната партија за еднаквост и демократија, главната турска прокурдска партија, се сменети од функциите затоа што биле обвинети за тероризам, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Градоначалниците на Мардин, Батман и Хелфети, во југоисточниот дел на Турција, претежно населен со Курди, се сменети со гувернери назначени од државата, се вели во соопштението.

Градоначалникот на Мардин, Ахмет Турк (82), популарна личност во курдското движење, претходно беше сменет од функцијата и во претходните мандати помина неколку месеци во затвор. Турската влада го обвинува за врски со борците од Работничката партија на Курдистан (ПКК), која е означена како терористичка организација.

Турк и уште двајца прокурдски градоначалници беа избрани за време на локалните избори во март, кои завршија со победа на опозицијата и пораз на владејачката Партија на правдата и развојот.  

Можете да прочитате

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик

Повеќе од 900 загинати и над 50.000 исчезнати во Венецуела