Утрински Весник
Македонија

Во тежок судир почина возач на пат од Скопје за Тетово

Две жени со повреди однесени во болница, „хјундаи“ излета од пат во Куманово
Dik 300x250 mk

Во текот на вчерашниот ден, околу 10.15 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на пат од Скопје за Тетово, кај с. Буковиќ, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фиат пунто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Л. Р. (31) од Скопје, и патничко моторно возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б. Д. (57) од Скопје. Од добиените повреди на местото починал возачот на возилото „фиат пунто“, Л. Р., а смрт констатирал лекар од итната медицинска помош.

dobivaj vesti na viber

А возачот на возилото „голф“, Б. Д., бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му биле констатирани телесни повреди.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Скопје.

Можете да прочитате

Божиновска меѓу енергетските лидери на P-TEC форумот во Атина – фокус на новата трансатлантска соработка

Иницијатива за северни шуми – Приказна за прекуграничен успех во обновување на шумите

Пијан возач удрил велосипедист – 24info.mk