Утрински Весник
Скопје

Во тек е третата фаза од градежните работи на главниот цевковод на бул „Александар Македонски“

Image00004 4.jpeg

Градот Скопјe информира дека продолжува со третата фаза на градежните работи на главниот цевковод на булеварот Александар Македонски, што во оваа фаза претставува изградба на подземната инфраструктура дел од големиот проект булевар Хрватска. Увид во работата на терен изврши тимот од Секторот за технички работи и развој, заедно со директор на Јавното претпријатие Водовод и канализација Скопјe, Тони Миновски.

„Овој клучен инфраструктурен проект претставува значаен напредок во подобрувањето на системот за водоснабдување на градот. Со реализација на овој проект се формира клучен сегмент од големиот прстен од главни цевководи што ја опслужуваат ниската зона во населеното место Ченто. Со имплементацијата се овозможува подобрување на условите за водоснабдување на секундарната улична мрежа и претставува основен чекор кон оптимизирање на идната функционалност на високата зона.


До денес, успешно се изградени 70% од оваа фаза на проектот, а овој напредок ја нагласува посветеноста на градот и јавното претпријатие за унапредување на инфраструктурните проекти кои директно придонесуваат за подобрување на квалитетот на животот на сите жители.

Градот Скопјe останува посветен на инвестирање во инфраструктурни проекти кои го поддржуваат одржливиот урбан развој и го подобруваат секојдневниот живот на неговите граѓани. Завршувањето на овој проект не само што ќе ги подобри постојните системи за водоснабдување, туку ќе постави и основа за идни подобрувања на капацитетите на градот за управување со водите“ велат од Град Скопје.

Можете да прочитате

Транспортирани  200 кубни метри отпад во рамките на акцијата „Генералка викенд“

Голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад во Општина Аеродром

Мустафаоглу: Не барам воени тајни, барам договори – или ЈСП не е баш јавно претпријатие