Утрински Весник
Економија

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

МТСП: Септемвриската пензија повисока 6,8 отсто

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јануари 2023 година.

dobivaj vesti na viber

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 6 февруари 2023 година.

Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

06.02.2023– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ

07.02.2023– М, Н, Њ, О; П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш

Можете да прочитате

СДСМ: Нов ценовен шок за граѓаните, дизелот од утре ќе биде рекордни 101 денари – а власта не носи мерки

Надвор од асфалтот: Инвестиции во инфраструктура, зелена економија, дигитализација и јавни услуги

Ново зголемување на цените на горивата, дизелот над 100 денари за литар