Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Во тек е исплатата на еднократна помош за примателите на гарантирана минимална помош

(Видео) Казни за 123 пешаци поради направени прекршоци
Img 7972

Министерството за труд и социјална политика известува дека согласно направените измени на Законот за социјална заштита, во тек е исплатата на еднократна помош од денеска (13.10.2022 година).

dobivaj vesti na viber

Помош ќе биде исплатена на околу 36.000 домаќинства во државата кои се приматели на Гарантирана минимална помош со цел полесно справување со кризата.

Оваа мерка е дел од последниот ребаланс на буџетот, каде е предвидена еднократна исплата од 3000 денари за домаќинствата кои се активни корисници на правото на ГМП за месеците март, април и мај. За оваа цел одделени се скоро 40 милиони евра од страна на Владата на Република Северна Македонија, информираат од ова министерство.

За Владата и Министерството за труд и социјална политика, како што наведуваат, грижата за граѓаните со фокус на ранливите категории останува приоритет.

Можете да прочитате

Формирани четири нови групации во Сојузот на Стопански комори на Македонија

Мицкоски се сретна со српскиот премиер Мацут

ИСОС првпат на глобалната конференција за сметководствени стандарди