Утрински Весник
Македонија

Во Светиниколско регистрирани два пожари

P2zhvsgje6lwcmrjysgx.webp.webp

Светиниколските пожарникари вчера имале две интервенции, од кои првата на нива со јачмен, а втората во близина на фабрика.

Во писменото соопштение од Секторот за внатрешни работи се вели дека вчера околу 15.50 часот во СВР Штип е пријавено дека во атар на село Црнилиште, Свети Николе настанал пожар во нива со јачмен, која под закуп ја користи правно лице од Струмица. Пожарот е локализиран околу 18.30 часот од страна на ТППЕ Свети Николе. Повредени лица нема. Во гаснењето на пожарот учествувале пожарникари, вработени во шумско стопанство и дваесеттина граѓани со сопствена земјоделска механизација.


Вториот пожар е пријавен во 09.20 часот во СВР Штип, настанал пожар во близина на фабрика на место викано Овче Поле. Пожарот е локализиран околу 09.50 часот од страна на пожарникарите во ТППЕ Свети Николе и повредени лица нема.

Можете да прочитате

Со буџет од 4,4 милијарди евра, Македонија влегува во најголемата здравствена програма на ЕУ

Се финализираат измените на Изборниот законик

Македонија губи население, а инвестициите што можат да донесат работа се соочуваат со отпор