Утрински Весник
Свет

Во судирите меѓу Израел и Хезболах од март досега убиени над четири илјади лица

20260620172319 big 730x400 18.webp.webp

Бројот загинати во војната меѓу Израел и движењето Хазболах надминал четири илјади, соопшти либанското Министерство за здравство.

Според последните податоци објавени денеска, од 2 март кога започна интензивниот конфликт меѓу двете страни досега се убиени 4057 лица, меѓу кои и 135 припадници на службите за спасување и за итна медицинска помош. Во таа бројка се вклучени и 83 лица загинати во вчерашните масовни израелски воздушни напади врз јужниот и источниот дел на Либан, додека 141 лице беа ранети.


Во меѓувреме, Израел денеска повторно изврши напади врз јужен Либан, само неколку часа по објавите за постигнат договор за прекин на огнот со Хезболах.

Во денешните израелски удари загинале најмалку 16 лица, меѓу кои и две деца, соопштија локалните власти. Според Либанската национална новинска агенција, десеттина лица се уште се затрупани под урнатини во градот Набатија и неколку околни села, каде се погодени станбени објекти.

Спасувачките служби продолжуваат со потрага по преживеани, додека хуманитарната ситуација во јужен Либан дополнително се влошува по најновата ескалација на насилствата.

Можете да прочитате

Зеленски и го враќа на Полска доделениот „Орден на белиот орел“

Европа под топлотен бран, температурите се искачуваат до 41 степен

Остар одговор на Мелони на повторените забелешки изречени од Трамп