
Жителите на десет локални самоуправи во Србија денеска ќе ја изберат идната четиригодишна локална власт. Изборите на кои се гласа од 7 часот утрово до затворањето на избирачките места – во 20 часот, се одржуваат во Аранѓеловац, Бор, Бајина Башта, Књажевац, Кладово, Смедеревска Паланка, Севојно, Кула, Мајданпек и Лучани.
Во тие општини право на глас имаат 247.985 лица.
На изборите за власт во општина Аранѓеловац, за 41 советничко место, има кандидати од пет листи, додека седум листи ќе се натпреваруваат за 35 мандати во Бор.
Шест листи се кандидати за 45 советнички места во Бајина Башта, ист број како и на изборите за општинско собрание на Смедеревска Паланка, каде се бираат 49 одборници.
Шест листи учествуваат на изборите во Лучани, а локалниот парламент има 35 одборници, додека пет изборни листи ќе се натпреваруваат за 37 мандати во Кула.
Во Књажевац, кандидати од четири листи се натпреваруваат за 40 места во локалната самоуправа, додека четири листи во Мајданпек ќе се борат за 31 место.
На изборите во Кладово, чие собрание има 28 советнички места, учествуваат три изборни листи, а во ужичката градска општина Севојно, за 19 одборнички места во локалниот парламент, на изборите учествуваат четири листи.
Претходните избори во тие 10 единици на локална самоуправа се одржаа на 3 април 2022 година.
До затворањето на гласачките места, владее изборен молк, што забранува изборна пропаганда од каков било вид преку медиумите. Во сите места каде денеска се одржуваат изборите на власт е Српската напредна странка која ја има власта и на државно ниво.
Владејачката Српската напредна партија и Социјалистичката партија на Србија се во коалиција на сите 10 места на кои се одржуваат локални избори, а листите го имаат името Александар Вучиќ, проследено со името на местото, и „Наше семејство“. Таа листа е под број еден во сите 10 локални самоуправи каде што има избори.
Кога станува збор за учеството на опозицијата и студентите во блокадата, ситуацијата се разликува од место до место. На некои места опозицијата и студентите во блокадата излегуваат заедно, како што е случајот во Баина Башта и Бор, на други одделно, на трети само студентите во блокада одат на избори, а опозицијата ги поддржуваше, но не оди на избори, а тоа е случајот во Кула, Аранѓеловац, Кладово.
На некои места, како што е Смедеревска Паланка, кога се составуваа изборните листи, се појавија несогласувања и меѓусебни обвинувања на опозицијата и студентите во блокадата.
Делегацијата на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа спроведува мисија од 26 до 30 март за да ги набљудува локалните избори во десетте општини во Србија. Изборите ги набљудуваат и голем број домашни набљудувачи. Само во Кула околу 1.600 набљудувачи ќе бидат распоредени на 40 избирачки места – во просек по 40 по избирачко место.


