Утрински Весник
Скопје

Во Скопската Зоолошка градина одбележан Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

657818485 1477681173985167 2963751173890317617 n.jpg

Градоначалникот на Град Скопје денеска присуствуваше на настанот организиран по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, кој се одржа во Скопската Зоолошка градина.
Настанот беше реализиран во соработка со здруженијата „Видлива поддршка” и „Трисомија 21″, при што беа засадени дрвца како симбол на животот, растот и надежта.

Со оваа симболична активност се испрати порака за важноста на прифаќањето, еднаквоста и поддршката за лицата со Даунов синдром, како и за потребата од градење општество без бариери. Засадените дрвја претставуваат траен потсетник дека секое дете заслужува љубов, почит и можност да го достигне својот потенцијал.


Град Скопје и понатаму останува посветен на унапредување на инклузивните политики и создавање средина во која различностите се прифаќаат како вредност, а не како пречка.
Преку вакви иницијативи, се зајакнува свеста за значењето на солидарноста, емпатијата и заедничката одговорност во градењето похумано и праведно општество за сите.

Можете да прочитате

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Потпишан договор за изградба на нова поликлиника во Бутел

Општина Илинден потпиша договор за реализација на проект со бизнис секторот од стопански комплекс „Илинден“