Утрински Весник
Скопје

Во скопската општина Аеродром истовремено се градат основно училиште и детска градинка

Opshtina Aerodrom 5.jpg

Општина Аеродром за првпат по подолг период истовремено работи на реализација на два капитални проекти – доградба на ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин и на детската градинка „Изворче“ во Стар Аеродром. В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид на двата објекта, при што од тимовите кои интензивно работат на двете локации беше информиран дека градежните активности се одвиваат според предвидената динамика, соопптија од таму.

Инаку, станува збор за исклучително значајни проекти за жителите на Мичурин и на Стар Аеродром.


Објектот „Изворче“ во рамките на детската градинка „Срничка“, што е изграден во 70-тите години на минатиот век и каде што во моментов се запишани околу 280 деца, за првпат добива целосно нов лик и проширување на згрижувачките капацитети за плус 170 деца, со што се очекува листите за упис да станат минато.

Градежните активности се одвиваат според утврдената динамика и во ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин. Ова е едно од најстарите училишта во Аеродром, изградено пред 70 години и конечно прераснува во современ објект. Проектот се спроведува во две фази, при што ќе бидат изградени дополнителни 10 училници и 8 кабинети по предметна настава, како и други простории со различни намени.

Остануваме посветени на подобрување и осовременување на постојните згрижувачки и воспитно-образовни установи, а веќе се работи на подготовка на документацијата за отпочнување на проекти за изградба на нови градинки на територијата на Општина Аеродром.

Можете да прочитате

Општина Центар препорача забрана за користење телефони за време на настава

Утрово парно греење во Центар нема – граѓаните се разбудија со ладни радијатори

Поради дефект утре без вода ќе биде дел од строгиот центар во Скопје