Утрински Весник
Магазин

Во Скопје утре прв „Dog Fest”

20240517074618 Big 730x400 76.webp.webp

Во Скопје утре ќе се одржи првиот „Dog Fest”, настан замислен како дружба за сите љубители на кучињата. Целта е да се подигне свеста за милениците и за одговорното сопствеништво.

 Настанот ќе почне во 12 часот и ќе трае до 16 часот, а организаторите најавуваат забавни игри за милениците и едукација на голем простор специјално опремен со реквизити за кучиња.

„Dog Fest” ќе се одржи во „Hera Happy friendly dogs”, спроти црквата Пантелејмон во Долно Нерези.

– Добредојдени  се сите сопственици заедно со нивните кучиња, а влезот е бесплатен, велат организаторите.

Можете да прочитате

Подготовките за пречек на новороденчето започнуваат уште во второто тримесечје од бременоста на мајката

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година

Недела на турската кујна 2026 – „Трпезата на наследството“