Утрински Весник
Македонија

Во Скопје одбележан денот на Бошњаците

Во Скопје одбележан денот на Бошњаците

Со свеченост во хотелот Александар Палас во Скопје, беше одбележан Денот на Бошњаците, кој е и официјален државен празник за припадниците на бошњачкиот народ во Северна Македонија, а во организација на Странка на демократска акција на Македонија.

dobivaj vesti na viber

Меѓу присутните на прославата имаше повеќе истакнати личности од јавниот живот, претставници на дипломатскиот кор во земјата, на политичките партии, министри, пратеници и претставници на граѓанскиот сектор.

Пред присутните на настанот се обрати претседателот на партијата Странка за демократска акција (СДА) во Северна Македонија, Џелал Хоџиќ. Tој потсети дека денеска во целиот свет се одбележува Меѓународниот ден на Бошњаците, чија цел е зачувување на националниот идентитет, а по повод на 30 години од 28 септември 1993 година, кога во Сараево се одржа Бошњачкото собрание и беше донесена одлука за враќање на историското име Бошњак и враќањето на историското именување на јазикот како босански јазик. Хоџиќ истакна дека Бошњаците од Македонија за време на пописот во 1994 година имале први можност го употребат историското име “Бошњак“ и да го именуваат јазикот како “босански“. Тој се осврна на конструктивната улога на Бошњаците во градењето на македонска самостојна држава, која започна со поддршката за рeферендумот за независност во 1991 година.

Хоџиќ потенцираше дека Бошњаците се интегрирани во македонското мултикултурно општество, како и дека Бошњаците се алката за одличните односи, без отворени прашања, помеѓу Северна Македонија и Босна и Херцеговина.

На прославата се обрати и вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, кој истакна дека Бошњаците се вредна коцка од македонскиот културен мозаик. Маричиќ им одаде признание на припадниците на бошњачкиот народ за придонесот во развојот на Северна Македонија како демократска држава, како и за придонесот во остварувањето на стратешките цели на државата.

Претседателот на СДА Македонија, г-дин Хоџиќ, заедно со вицепремиерот за евроинтеграции, г-дин Маричиќ, испратија порака дека следната стратешка цел и на бошњачкиот народ и на Северна Македонија како држава е заедничка, тоа е членството во ЕУ, како следен чекор по членството во НАТО.

Можете да прочитате

Давкова: НУБ „Св. Климент Охридски” е амбасадор на македонската културна историја и чувар на македонскиот идентитет

СЕОУГС Васил Антевски Дрен, Скопје – лауреат за Европската награда за иновативна настава (EITA) за 2024 година

НИ СЛЕДУВААТ УМЕРЕНИ ДО ЈАКИ МРАЗЕВИ: Температурите ќе се спуштат дури и под -10 степени!