Утрински Весник
Свет

Во Сирија биле регистрирани над 20 случаи на колера, најмалку пет лица починале

Во Сирија биле регистрирани над 20 случаи на колера, најмалку пет лица починале

Болниците во Дамаск се ставени во состојба на готовност откако беа регистрирани повеќе од 20 случаи на колера, а најмалку пет лица починаа, соопштија здравствените власти, пишуваат медиумите во светот.

dobivaj vesti na viber

Се претпоставува дека луѓето се заразиле затоа што пиеле загадена вода и ја истурале на растенија кои подоцна ги јаделе.

Дел од населението во Сирија нема пристап до чиста вода за пиење поради уништената инфраструктура во војната која во таа земја продолжува од 2011 година, пренесуваат медиумите.

Од Канцеларијата на СЗО во Дамаск не го коментирале ова прашање.

Сириското Министерство за здравство соопшти дека водата, но и овошјето и зеленчукот се тестираат во сите провинции, пренесе државната новинска агенција САНА.

Можете да прочитате

Трамп: Земјите-членки на Одборот за мир ќе обезбедат повеќе од пет милијарди долари за Појасот Газа

Американски војници упаднаа на танкер што превезувал нафта од Венецуела

Трамп и Нетанјаху ќе се обидат да го намалат извозот на иранска нафта во Кина